Македонија 18. јануари 2021. / 16:02

Мијалков: Никогаш никому, ни писмено, ни усно, не сум му дал наредба за прислушување

Мијалков: Никогаш никому, ни писмено, ни усно, не сум му дал наредба за прислушување

Никогаш никому, ни писмено, ни усно, не сум дал наредба да изврши какво било дејствие во насока на следење на комуникации. Не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби, рече Сашо Мијалков.

Поранешниот директор на УБК на денешното рочиште во случајот „Таргет Тврдина“ рече дека израелците му откриле кога ја прикажувале оппремата дека можело да се прислушува и надвор од системите на УБК.

-Од израелска компанија за високософистицирана опремами ми беше презентирано, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од три лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри. Таа опрема ја нарекуваат ДПЛ, за детектирање, превенирање и лоцирање. На еден од лаптопите пред сите излезе телефонска комуникација од повеќе разговори, преку нашите мобилни оператори. На презентацијата беше и Ѕвонко Костовски, рече Мијалков.

Неговиот бранител Љупчо Шврговски во врска со обвинението, го праша дали во 2008 формирал злосторничко здружение со намера да ја злоупотреби службената положба и овластувањата:

-Тоа е апсолутно неточно, одговори Мијалков.

Мијалков додаде дека тој Надица Николиќ, една од создавачите на групата, не ја познавал. Ја запозна дури кога се отвори предметот.

– На другиот создавач Горан Грујовски никогаш не сум му дал наредба да формира група, а во судница ги запознав и другите создавачи на групата. Очекував во оваа постапка да чујам и да видам барем еден материјален или вербален доказ за да се поткрепи обвинението, рече Мијалков.