Со засилено полициско обезбедување Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими беа донесени во затворот во Шутка, објави 21ТВ.
Пред затворот присутен беше и синот на Мијалков, кој по пристигнувањето на двете комбиња се упати на пријавницата каде најверојатно остави некои лични предмети за Мијалков.
Мијалков и Ибраими се во притвор на барање на Фатиме Фетаи поради можноста од бегство, а тие денеска беа осудени на три годишна затворска каза во случајот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности.