Македонија 17. октомври 2018. / 14:41

Михајловски: Тоа што ме гонат е доказ дека треба да продолжам како и до сега

Михајловски: Тоа што ме гонат е доказ дека треба да продолжам како и до сега

Актерот Тони Михајловски се огласи на Фејсбук откако Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение против него, бидејќи упатувал закани до новинарот Бранко Тричковски.

Ко што рече Ѓеро на насловна “Премиерно ќе го крка Тони Шанац”. Но, животот е тркало. Час си горе, час долу.
Тоа што ме има во вашите црни тефтери за отстрел, што ги спомнуваше великиот режисер, само ми е доказ дека треба продолжам како и до сега, напиша Тони на Фејсбук.

Инаку Тони кривично се гони бидејќи напишал коментар на Фејсбук против Тричковски.

Тој се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот“, информираа од Обвинителството.