Македонија 24. јануари 2019. / 11:15

Мицковски: Боки 13 би бил совршен консензуален претседател!

Мицковски: Боки 13 би бил совршен консензуален претседател!

Фарсата на СДСМ и ДУИ околу изборот на консензуален кандидат за претседателските избори во мај ја коментира и колумнистот Ивор Мицковски, кој го предлага Боки Јованoвски, сопственик на провладина телевизија, но пред се миленик на власта.

Господо, пронајден е консензуалниот кандидат на ДУИ и СДСМ и петтиот претседател на РМ.
Ако може да рекетира, да остварува средби со политичари, со сомнително потекло на средства да отвара медиуми, да држи божиќни интервјуа, да вработува деца на специјални обвинителки, онда може да биде и претседател.
Не мислам дека оваа власт може да понуди подобар кандидат, напиша Ивор Мицковски на Фејсбук.