Македонија 18. март 2019. / 21:14

Мицковиќ добивал закани за да не сведочи за случајот “Маџар Телеком“

Мицковиќ добивал закани за да не сведочи за случајот “Маџар Телеком“

На судското рочиште за случајот „Маџар Телеком“ сведочеше поранешниот претседател на одборот на директори , Дејан Мицковиќ. Мицковиќ потврди дека добивал закани за да не сведочи за случајот “Маџар Телеком“. За заканите ги известил надлежните органи, поранешниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, а потоа и поранешниот-обвинителот, Марко Зрлевски. Во текот на неговиот исказ, тој додаде дека и покрај фактот што случајот го пријавил во сите надлежни органи, се уште не се знае кој му се заканувал.

И покрај заканувачките пораки, јас сведочев и пред надлежните органи во Њу Јорк и овде во Македонија“, рече Дејан Мицковиќ поранешен претседател на Одборот на директори во „Македонски Телеком“

Освен заканувачките пораки добиени по електронска пошта, Мицковиќ рече дека во текот на 2008 година, во неговата канцеларија на Правниот факултет, дошло непознато лице и му се заканило да не сведочи. За истиот случај има судска постапка и во САД и поради заканите, федералниот американски судија, кој го водел предметот, донел одлука Мицковиќ да се третира како загрозен сведок и неговиот исказ да не се објави во текот на постапката.

Адвокатот на Атила Сендреи, Ненад Јаникевиќ, изјави дека Обвинителството нема доволно докази за водење на постапка против обвинетите.

Судската постапка за случајот „Маџар Телеком“ќе продолжи во среда, со други сведоци. Во овој случај, обвинети се тројцата поранешни директори на „Телеком“, Атила Сендреи, Ролф Плат и Злотан Кишјакус, кои веќе седум години се не достапни за органите на прогонот. Иако судскиот процес за „Маѓар телеком“ започна пред 8 години, рочиштата се одложуваа, се додека СЈО не го презеде случајот.Исказите на сведокот и ексразузнавач Слободан Богоески пред Њујоркшкиот суд дадоа нова димензија на процесот. Тогаш за прв пат во јавноста одекнаа и информации дека мито земале и екс-премиерот Бучковски, првиот човек на ДУИ Ахмети, Муса Џафери и Абдулхалим Касами. За неговиот исказ Богоески беше осуден за навреда и клевета, но Апелација му ја укина пресудата.