Македонија 28. ноември 2020. / 22:58

Мицкоски: Заев е подготвен да ја плати секоја цена само за да ја спаси својата кариера

Мицкоски: Заев е подготвен да ја плати секоја  цена само за да ја спаси својата кариера

За да владините функционери и Заев обезбедат иднина, прво треба да ја согледаат реалноста, а реалноста во Македонија се одликува со криза, живот на рати, политички поделби и откажувања, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, Зоран Заев не е во можност себе си да си обезбеди иднина, а не пак на Македонија и народот.

-Заев стана изолиран со платеници и клиентелисти во личната битка за задржување на фотелјата наместо битка за спасување на државата. Заев е подготвен да ја плати секоја цена, ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки, и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера, а таа кариера нему му обезбедува власт и пари, напиша Мицкоски.

 

За да владините функционери и Заев обезбедат иднина, прво треба да ја согледаат реалноста, а реалноста во Македонија се…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, November 28, 2020