Македонија 28. април 2020. / 20:24

Мицкоски: СДСМ да одговори која парапартиска структура врши мое следење

Мицкоски: СДСМ да одговори која парапартиска структура врши мое следење

Лагата излезе на површина, исто како и изворот на тие лаги, СДСМ, напиша на својот фејсбук лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, воедно споделувајќи ја информацијата на министерот за внатрешни, Наќе Чулев, дека снимката е стара и нелегално прибавена.

 -И лагите се нивната основна дејност за да го покријат грабежот на буџетот кој во првите три месеци изнесува 120 милиони евра, или секое домаќинство го задолжиле за 15 илјади денари, за да корумпираат целни групи за изборите кои се одложија. И нормално нема ниту да се извинат што со денови ја лажеа јавноста и го валкаа моето име. Но поважно од сето ова, а на кој одговор треба да дадат господата од СДСМ е која парапартиска структура врши мое следење, и кога тоа ми го прават мене, можам само да замислам каков е односот и кон другите граѓани.Наместо да лажат, треба да спасуваат животи.
И дека е лошо во економијата, е благ збор. Катастрофално е!, напиша Мицкоски.