Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност, додава Мицкоски во објавата на „Фејсбук“.
Ова не е нималку наивно, додава тој, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема.
Затоа протест сега, за да не биде предоцна! п.с. Заштите се, носете маска, држете растојание. Се гледаме на улиците, повика Мицкоски.
Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот…
Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, November 26, 2020