Македонија 30. септември 2020. / 21:00

Мицкоски до Сајкоски: Нѐ чека многу работа и заеднички битки

Мицкоски до Сајкоски: Нѐ чека многу работа и заеднички битки

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук му честита на изборот на новиот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски и порача дека ги чека многу работа.

– Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.  Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата, напиша Мицкоски.