Македонија 02. јули 2020. / 13:10

Мицевски: „Обновата“ предвидува по 2,5 милијарди денари годишно за спортот

Мицевски: „Обновата“ предвидува по 2,5 милијарди денари годишно за спортот

Kандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски истакна дека во наредниот четиригодишен период се обврзуваат да го развијат спортот до степен да сите граѓани ги почувствуваат позитивните ефекти од него.

Мерката спортски денар предвидува одвојување на еден денар за спортот од акцизата за нафтени деривати во малопродажбата. Овие средства ќе се користат за развојот на спортот, спортската инфраструктура и науката во спортот односно од трите денари акциза за нафтени деривати кои ги наметна оваа репресивна власт, еден денар односно 800 милиони денари ќе бидат наменети за спортот или вкупно 2,5 милијарди денари годишно ќе бидат наменети за овие три области – најави Мицевски.

Тој посочи и дека во програмата на неговата партија се предвидува комплетно нов закон за спорт со кој што ќе се задржат позитивните мерки, а истовремено ќе се следат и имплементираат актуелните спортски трендови во развојот на спортот и неговото унапредување.

Зголемување на надлежностите на општините во областа на спортот. Воспоставување на современа спортска медицина, воведување на високи стандарди во здравствената заштита и медицинските прегледи од областа на спортот, изградба на национален центар за спорт, спортски комплекс за летни и зимски подготовки на спортистите, одржување на турнири и младински првенства во различни спортови, како и нови сместувачки капацитети за учениците и студентите од областа на спортот – истакна Мицевски.