Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска дојде битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски да сведочи во „Рекет”, пренесе Мкд.мк.
Мицевски кој по вторпат е повикан во Обвинителството, треба да даде појансување за парите кои наводно ги уплатил на сметката на пензионерка од Скопје наместо на Меѓународниот сојуз на првоосомничениот за „Рекет”, Бојан Јовановски, и заради што ги дал средствата.
– Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз на Јовановски и нормално дека ќе си ги барам назад. – рече бизнисменот Силјан Мицевски пред новинарите.