Македонија 03. март 2021. / 17:51

Мицевски до Заев: Жално е, немате храброст да дозволите три дена расправа за гласање на доверба на Владата

Мицевски до Заев: Жално е, немате храброст да дозволите три дена расправа за гласање на доверба на Владата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски од собраниската говорница посочи дека жали што премиерот немаше храброст да се постапи по член 214 став 3 и да се дозволи три дена расправа за гласање на доверба на Владата.

-Почитуван претседател на Владата, браво за можноста да го ставите владиното мнозинство на контрола и на тест. Ама УА за изборот на член 217 став 2 за начинот на кој што тоа го правите, каде што вели во случај прашањето на доверба на Влада да го поставува претседателот на Владата на усно на седницата на Собранието, а Собранието гласа за недоверба на Владата на иста седница да се расправа. Немавте сила, храброст да го поставите по член 214 став 3 и да дозволите три дена расправа тука и да ги кажеме сите аномалии на оваа Влада, туку бегајќи од јавноста три дена не сакате да излезе тоа што во Република Македонија нема вакцини, тоа што имаме најголема смртност во Република Македонија, тоа што вчера министерот за борба со корупцијата во Република Македонија на медиумите им вика јас ве плаќам треба да кажувате јас што кажувам на „Топ тема“. Сакате да избегате од сите коруптивни скандали кои што ги има оваа Влада, запраша Мицевски.