Македонија 29. октомври 2019. / 13:06

Метју Палмер на „симултанка“ кај државниот врв, изјави од средбите не се најавени

Метју Палмер на „симултанка“ кај државниот врв, изјави од средбите не се најавени

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер ќе има експресна посета на Македонија.

Најпрво во министерството за одбрана Палмер ќе се сретне со Радмила Шекеринска каде според најавите ќе се разговара за евроатланската иднина на земјава и членството во НАТО.

Оттаму заминува кај шефот на димоматијата Димитров, а посетата ќе ја заврши со средба со претседателот Пендаровски во 16 и 30 часот во Вила Водно.

Од ниту една средба не се најавени изјави.