,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ме брига” – вака градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко одговори на прашањето зошто во неговата општина продолжува да се узурпира крајбрежјето и покрај мораториумот за градба, забелешките на Унеско и вонредната состојба.
Тој не го прифаќа предлогот на Антикорупциската комисија надлежноста за уривање на дивоградбите да биде префрлена на Владата.
-Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, нас баш не брига, вели Мерко.
За него, се што се градело било легално. Откри дека во Струга имало само 262 дивоградби и тоа во селските средини, останатите дивоградби 3.000 на број биле опфатени со законот за легализација