Македонија 30. ноември 2020. / 14:40

Мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци престануваат да важат

Мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци престануваат да важат

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата.

-Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на ден 30.11., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175g/m3 на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките и мерките при надминат праг на алармирање, се наведува во соопштението.