Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски, презентира мерки што државата ќе ги преземе за спортот во времетраење на пандемијата со вирусот Ковид-19.
Изминатите недели бевме фокусирани да го одржиме спортот во нормала по оваа пандемија. Се утврди исплаќање на финаниска поддршка на спортстите, спортските работници, и истата ќе се исплатува врз основ на работен договор на секој оној кој се занимава со дејноста спорт. Тоа се минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, средства наменети директно за спортистите и спортските работници со цел одржување на своите места во оваа кризна ситуација – Каевски ги објасни условите со кои клубовите може да ја побараат оваа помош.
Како што истакна Каевски, клубовите треба до 15 април да достават барање до националната федерација, а потоа федерациите доставуваат барање до АМС.
Директорот на АМС, соопшти дека е креиран и дополнителен пакет мерки со кои треба се олесни работата и функционирањето на клубовите во оваа тешка состојба.
Помош од АМС ќе добијат клубовите кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти во индивидуалните спортови, односно 80 млади спортисти во екипните спортови. АМС по завршувањето на оваа пандемија, покрај оваа поддршка, ќе ги финансира програмите на индивудалните врвните спортисти на олимписките спортови. АМС ќе донесе предлог до Владата за 50% за намалување на цената на спортските објекти. Во соработка со федерациите, предложивме да бидат ослободени клубовите од котизација кои мора да ја платат до крајот на оваа 2020 година – изјави Каевски.