Македонија 13. февруари 2019. / 18:20

МЕПСО: Го каниме Милевски да дојде кај нас и да седне во фотелјите од бизон

МЕПСО: Го каниме Милевски да дојде кај нас и да седне во фотелјите од бизон

Пратеникот Горан Милевски денеска го злоупотреби моментот за презентација на Извештајот на ЕЕЗ и тенденциозно и крајно некоректно пласира дезинформација дека МЕПСО купува фотелји од кожа од бизон, реагира попладнево компанијата.

– Го покануваме да дојде во МЕПСО да ги најде и да седне во тие фотелји. Во таа прилика ќе му биде објаснето дека МЕПСО во својот дел од реформите во електроенергетскиот систем целосно со поддршка од ресорниот владин кабинет и од акционерот Министерството за транспорт и врски ги спровел сите задачи од реформскиот пакет и дека активно, во својот сегмент на работење, се подготвува за имплементација на пазарот за балансна енергија. – наведува МЕПСО во реакцијата.