Бугарија има рок од Советот на министри на Европа до 1 јуни да овозможи регистрирање на организациите на Македонците.
Последните пораки од официјална Софија се со цел да се откажеме од Македонците во Бугарија кои имаат добиено повеќе пресуди од судот во Стразбур, а поради кои официјална Софија е притисната од меѓународните организации, изјави во интервју за трелевизија Канал 5, Тони Менкиновски, адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија.
– Ова што се случува е очекувано и има основа во Резолуцијата на Советот на министри каде што се бара до јуни 2021 година во Бугарија да бидат регистрираат сите македонски организации каде што е нагласена етничката припадност во овие организации. Софија ја манипулира ситуацијата и врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија при што објавува нескриена агресија, што асоцира на 1941 година, при што наведува дека правата на Бугарите во Македонија се загросени и дека тие ќе ги искористат сите меѓународни алатки да извршат агресија врз земјава.Тоа фактички е порака за Македонците во Пиринскиот дел за да се откажат од сопствените права, вели Менкиновски.
Поради ваквото однесување, додава тој, Софија се соочува со можност да биде исфрлена од Советот на Европа.
-Тоа е главниот проблем на Бугарија, вели адвокатот.
Според него, Владата треба овој проблем да го крене на меѓународно ниво и тоа пред се во НАТО каде што е членка.
Менкиновски вели дека сега треба добро да се прочитаат договорите на земјава со Бугарија и Грција и да се види дали земјава се откажала од правата на Македонците во овие земји.