Македонија 15. јули 2020. / 21:32

Мендух Тачи: Многу e важно изборите да бидат фер и демократски, да исполнуваат стандарди

Мендух Тачи: Многу e важно изборите да бидат фер и демократски, да исполнуваат стандарди

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи своето право на глас го оствари утринава во 9.30 часот во гласачкото место 1968/1 во објектот Стара градинка во Тетово.

Гласањето беше изведено според здравствените протоколи со дезинфекција и задолжително носење маска.

-Многу e важно изборите да бидат фер и демократски да исполнуваат стандарди. Имаме сите една ситуација сепак граѓаните имаат дилеми одредени групи дали да излегуваат или не. Многу е едноставно, маска, пенкало и верувам дека излезноста ќе биде во ред, изјави Тачи.

На новинарско прашање дали има сознанија за неправилности, тој истака дека до тој момент нема такви информации.