Македонија 10. февруари 2021. / 19:26

Маж и жена од Велес заразени од британскиот сој на Ковид-19

Маж и жена од Велес заразени од британскиот сој на Ковид-19

Во Велес регистрирани се две лица заразени од британскиот сој на коронавирус.

Станува збор за маж и жена, и двајцата од Велес, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница, информира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје.

„Се работи за жена на 65-годишна и за маж на 68-годишна возраст, и двајцата од Велес. Жената е хоспитализирана три дена, а мажот четири дена на Инфективно одделение при велешката Општа болница“, информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница.

Инаку, во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување.