Со измените во Изборниот законик се предвидува Маврово, Ростуше и Дебар, од Шестата изборна единица да се префрлат кон Петтата, појасни на прес конференција во Собранието, пратеникот на ДУИ, Артан Груби.
Тој додаде дека тоа е веќе договорено и потпишано од сите координатори на парламентарните групи. Како што кажа Груби, со тоа би се постигнало нивелирање помеѓу Изборните единици.
Груби додаде и дека ДУИ недвосмислено го поддржува донесувањето на Законот за ЈО и не го условува со ниту еден друг закон.
– ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април, со донесување на законите коишто се во процедура пред распуштање на Собранието – додаде Груби.