Македонија 26. јануари 2021. / 15:48

Матурантите и денеска бојкотираат, МОН не го менува ставот – матурата е задолжителна

Матурантите и денеска бојкотираат, МОН не го менува ставот – матурата е задолжителна

И денеска дел од матурантите ја бојкотираат наставата. Средношколски сојуз не отстапува од барањето државната матура да има испити по два предмети.

Министерството за образование и наука не отстапува од од ставот дека нов концепт за матурата е можен за идната учебна година. Сојузот не се откажа од своето барање и го актуелизираше со бојкот на наставата на првиот ден од второто полугодие.

Државната матура е изборна, а министерството за образование и наука има законска обврска да го обезбеди правото на полагање на матурата, особено на оние ученици коишто сакаат да го продолжат своето образование во високообразовни установи во нашата држава и во странство.