Македонија 04. февруари 2021. / 11:24

Матурантите денеска одлучуваат дали ќе продолжи бојкотот

Матурантите денеска одлучуваат дали ќе продолжи бојкотот

Дел од матурантите се уште ја бојкотираат наставата во училиштата со барања наместо четири да се полагаат два предмети на матурскиот испит, односно задолжителен мајчин јазик и еден предмет по избор.

Претседателот на Средношколскиот сојуз Бленди Ходаи за Канал 5 вели дека од Демократската унија за интеграција им било речено дека прашањето за матурата ќе биде поставено на владина седница. Тој додава дека денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со бојкотот заради тоа што веќе две недели изгубија од наставата .

Министерка за образование и наука Мила Царовска неколку пати повтори дека мора да спроведе доследно законот.

– Законот е јасен, државната матура е дел од законското решениеа .Според неа државната матура е обврска за сите оние коишто сакаат да го продолжат своето образование кон високо во државата или надвор од неа, вели Царовска за МИА.