Македонија 21. јануари 2021. / 10:16

Матурантите денеска ќе ја бојкотираат наставата

Матурантите денеска ќе ја бојкотираат наставата

Матурантите за денеска најавија дека ќе ја бојкотираат наставата. Состанокот на претставниците на сојузот на средношколци и министерката за образование и наука, Мила Царовска, вчера заврши неуспешно. Тие рекоа дека денеска нема да се вклучат на часовите сѐ додека не се прифати нивното барање за кратење на предметите за полагање.

Средношколците бараат наместо четири, да полагаат два предмети за државната матура – едниот да биде мајчин јазик, а другиот по избор на ученикот согласно неговите планови за понатамошното образование. Претходно денеска, министерката Царовска изјави дека матурантите од оваа година ќе полагаат четири предмети.

За в година предвидена е промена на моделот на државната матура и веројатно ќе се полагаат по два предмети, како што сега бараат средношколците.