Македонија 14. јануари 2021. / 08:41

Матичните лекари добија протокол за лекување со Ивермектин

Матичните лекари добија протокол за лекување со Ивермектин

Ивермектинот станува достапен за македонските граѓани и веќе го има во аптеките иако не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид-19, а протоколот преку Лекарската комора веќе е испратен до матичните лекари.

Лекарската комора најави дека ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите,  како и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.