Македонија 15. октомври 2019. / 22:34

Маричиќ: Треба да се види од кај сме тргнале и до каде сме стигнале

Маричиќ: Треба да се види од кај сме тргнале и до каде сме стигнале

Советникот за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ во гостување на телевизијата Телма истакна дека е успех за две години од, како што кажа, заробена држава да се вратиме на маса каде што се носи одлука за преговори со ЕУ.

– Треба малку да погледнеме од кај сме тргнале и до каде сме стигнале. Во 2017-та имавме ситуација на комплетна безизлезност во европските интеграции, имавме две години по ред замрзната препорака за почеток на преговори и одредница за заробена држава. Тоа е почетна точка од 2017 на оваа Влада. Скокот од заробена држава, две години подоцна да се вратиме на масата на најкрупните одлучувачи да носат одлука за преговори, ќе признаеме дека е успех и дека е придвижување напред. Со сите проблеми и со сите прашања ние добивме крајно позитивен извештај што е најпозитивен досега, затоа што имавме тешки реформи во државата имаме големи придвижувања по одредени прашања, имаме „трек“ рекорд на судски случаи и случаи на антикорупциска комисија што претходно со години било невозможно. Ние имавме десет години на застој и две години на интезивни реформи. Ние да сме биле во ситуација да почнеме со Србија и Црна Гора, можеби денес ќе сме биле многу понапред, истакна Маричиќ.