Македонија 24. февруари 2021. / 18:42

МАНУ истражува на каков сој се должи покачувањето на бројот на заразените од Kовид-19

МАНУ истражува на каков сој се должи покачувањето на бројот на заразените од Kовид-19

Покачувањето на бројот на заразените се истражува дали се должи на британскиот сој или на непочитувањето на мерките но факт е вели министерот за здравство Филипче дека 50 проценти од позитивните случаи последниот период отпаѓа на британскиот сој.

Министерот Филипче на ја исклучува можноста, но како што вели се уште нема индиции да препорача дополнителни рестриктивни мерки, на локално или на ниво на целата држава. Евенатуалната одлука би можела да се знае следната недела, кога се очекуваат резултатите од најновата анализа на МАНУ за тоа дали зголемениот број на нови случаи се должи на британскиот сој на вирусот.

-Последната анализа укажа на околу 50 проценти од случаите и тоа е доказ дека сѐ повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека сѐ повеќе има луѓе надвор коишто не ги почитуваат мерките, вели Филипче

Микробиологот Пановски вели дека освен зголемената преносливост, британскиот сој треба дополнително да се истражи. Студиите покажале дека заразените не поретко го губат чувството за мирис и вкус, но имаат зачестена кашлица. Во однос на рестрикциите, смета дека не треба да се прејде на драконски мерки, кои би се одразиле на економската состојба.

-Треба да се искористи перидот пред вакцинанацијата и потоа, да се зголемат мерките особено во затворени простории. Контактите ако мора да се одржуваат надвор, на тераса, а дома да се проветрува што е можно повеќе, вели Пановски за Канал 5.

Истражувањата во повеќе европски земји покажуваат дека британскиот сој веќе станува доминантен над основната варијанта на Kовид-19.