Македонија 10. декември 2020. / 15:43

МАНУ дневно обработува до 250 ковид тестови, се разгледува можноста за зголемување на капацитетите

МАНУ дневно обработува до 250 ковид тестови, се разгледува можноста за зголемување на капацитетите

– Работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид -9 и на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите, како и зголемувањето на капацитетите на лабораторијата на Академијата и подобрување на условите за тестирање во иднина, беа меѓу темите на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.

Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од ПЦР тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември и болниците во Кичево и Дебар, информираат од Министерството за здравство.

На средбата како иден план се постави проектот вооведување на персонализирана медицина на национално ниво како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.