Македонија 24. август 2020. / 16:50

Манчевски: Подготвена е платформата за онлајн настава

Манчевски: Подготвена е платформата за онлајн настава

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска беше дел од неформалната средба со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Средбата беше во организација на Институт за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Очекувано, во пресрет на почетокот на новата учебна година фокусот на разговорите беше на образовниот процес, односно потребата од прилагодување согласно пандемијата од Ковид-19. На средбата беше подвлечена важноста од дигиталните алатки, за непречено функционирање како на образовнието, така и на останатите сфери од секојдневното работење и живеење.

Како што истакна Манчевски, нашата држава, но и државите во целиот свет се пред голем предизвик во справување со здравствената криза. Тој се осврна и на работата во Собранието, каде мора да се предвиди нов начин на работа, протоколи и начин на одлучување…

Во придобивките од дигитализација, како што рече Манчевски, Северна Македонија е лидери во регионот, но и еден од лидерите во Европа, како ретка држава со електронски регистар на население, а следниот предизвик, како што рече, е да се користи од сите институции и да не бараат од луѓето разни документи, физички.