Македонија 21. декември 2019. / 11:35

Манчевски: Никој да не помисли да врши политички притисок врз вработените во јавниот сектор

Манчевски: Никој да не помисли да врши политички притисок врз вработените во јавниот сектор

Никој да не помисли да врши притисок од политички аспект врз вработените во јавниот сектор во периодот што следи поради изборите, а доколку тоа се случи, да се пријави веднаш, порачува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во интервју за МИА.

Тој најавува соработка со заменикот што ќе биде во неговиот ресор од редовите на опозицијата од 3 јануари во техничката влада поради предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година.

– Од наша страна ќе имаат апсолутно отворена врата, пристап до сите информации и документи што им требаат во согласност со законот, така како што е, немаме што да криеме, отворено и транспарентно како што сме кон граѓаните, наведува Манчевски во интервјуто што МИА ќе го објави утре.