Македонија 21. декември 2019. / 12:42

Манчевски: Нема да им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат земјата назад

Манчевски: Нема да им дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат земјата назад

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одржа прес конференција на која појаснуваше дека кога е во прашање иднината на земјата најголемите закани доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Манчевски ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека го кочат донесувањето на законските измени за зголемување на пензиите за повеќе од 700 денари месечно. Дека опозицијата е против покачувањето на минималната плата и решавањето на статусот на дополнителн број стечајци.

– Го кочеа договорот од Преспа за да го кочат влезот во НАТО. Вчера ги слушам, ќе менувале устав ќе ја враќале земјата назад, ќе ја ваделе од НАТО. Нема да им дозволиме, рече Манчевски.

На крајот министерот Манчевски порача дека ВМРО-ДПМНЕ наспроти граѓаните повторно ќе победат граѓаните.