Македонија

Манчевски: Ќе вработуваме согласно потребите на институциите, а не на партиите

Манчевски: Ќе вработуваме согласно потребите на институциите, а не на партиите

„Вработувања во јавниот сектор има и ќе има, но согласно потребите на институциите, не согласно потребите на партиите“, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисијата „Патот кон…“ на АЛСАТ-М.

-Тука ако го најдеме балансот и го воспоставиме редот, ние ќе немаме проблеми и бројот на вработени ќе продолжи да се намалува. Гарантирам, пред да излезе извештајот и пред да ги собереме бројките дека оваа година ќе имаме помалку и од лани и ако продолжиме во таа насока, ние ќе дојдеме до онаа состојба до која што сакаме- изјави Манчевски

Манчевски додаде и дека во 2017 година, за првпат после децении има помал број на вработени во јавниот сектор од 2016 година, за околу 1.000 лица.