Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на новинарско прашање кога ќе започнат да одат на работа 900 административци кои сега седат дома и земаат плата рече дека во текот на 2020 година тој процес ќе биде завршен.
Како една од причините, наведува Манчевски, се и бирократските процеси.
-Тие беа 1600, значи значително е намален бројот. И јас се нервирам со административните постапки и процедури, но тоа се административни постапки и процедури кои треба да се почитуваат. Со формирањето на новото Министерство за политички систем и односи на заедници овој процес се интензивира и јас сум уверен дека за рок од некој месец нема да се прави муабет за било каков поединец. Се работи на тоа процесот да се елиминира, рече Манчевски.