Ниту еден позитивен коментар на статусот на министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски кој обвини дел од јавноста дека ја бендисале песната за Тодор Александров, а во исто време се против Договорот со Бугарија. Со ваквиот твит Манчевски индиректно сугерира дека Александров бил Бугарин.
Постот на министерот се однесува на песната „Нешто ќе те питам бабо“ за Тодор Александров чија обработка вчера ја промовираше бендот Некст Тајм.
-Гревче едно, и така си еден од најнеспособните во оваа историски најнеспособна и предавничка влада, не се замарај со фактите дека: Александров е од Штип; бил автономист (во тие услови максимум за Македонија); твоите политички дедовци направија селекција на подобни и неподобни… – се вели во еден од одговорите.
Забелешката на Манчевски индиректно беше упатена кон ВМРО-ДПМНЕ, но одговорите дојдоа од обични луѓе.