Целиот работен процес на државната администрација ќе се врши електронски.
Сите документи и предмети ќе се креираат, архивираат, одобруваат и потпишуваат електронски наместо во хартиена форма физички да се носат на потпишување или архивирање во институцијата.
Ова се предвува со модернизацијата на националниот систем за управување со документи, кој денеска на прес-конференција го претстави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.