Македонија 03. мај 2019. / 21:42

МАН и новинарите се на линија со Европа

МАН и новинарите се на линија со Европа

Претседателката на Македонската асоцијација на новинари (МАН) Ивона Талевска оствари важни и корисни средби со генералниот секретар на Европската федерација на новинари Рикардо Гутиерез и Џереми Дир –заменик генерален секретар на Меѓународната федерација на новинари.

На средбите кои ги имаше МАН со високите преставницина Европската и Меѓународната федерација на новинари (ЕФЈ и ИФЈ)бевме запознаени со трендовите и состојбите во однос на професионалните стандарди, заштита и афирмација на новинарските права и слободи во развиените земји на Европската унија, при што можевме да заклучиме дека во однос на професионалните стандарди, македонските новинари не се далеку од европскитеколеги, пишува во соопштенито на МАН.

Но, затоа, во поглед на новинарските права ислободи, земјава е далеку зад развиените европски држави, како во формална, законодавна смисла, така и во смисол на нивно практицирање.

Од своја страна, претседателката на МАН ги запозна високите преставницина ЕФЈ и ИФЈ со состојбите во Северна Македонија. Пренесено е дека земјава ги живее едни од најлошите години во смисол науслови за работа на новинарите, како и остварување на новинарски слободи и права во Македонија.

Во оваа прилика, изнесени се бројни случаи на притисоци и ограничувања на новинарите од страна на власта, смени на уредници во медиуми, бркање од работа на новинари кои критички известуваат за власта, цензури, употреба и злоупотреба на обвинителствата и судството за притисок врз новинари и медиуми, злоупотреба на прислушувани разговори и слично.

Она што е дополнително поразително за новинарската професија, е фактот дека досега за состојбите во новинарството во Македонија, ЕФЈ и ИФЈ користеле само еден извор за добивање информации за состојбите во земјава, што давало ограничена и искривена слика за истата.Договорено е да се запре со таа пракса и во иднина да се користат повеќе извори за информирање, пишува во соопштението на МАН.