Четириесет и едногодишниот И.Х. од село Непроштено прегазил малолетно дете во Тетово.
Полицијата соопшти дека вчера во 13.40 часот на булеварот „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген поло“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Х. удрило во малолетен пешак од Скопје, со привремено живеалиште во Тетово.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Тетово.