Македонија 22. март 2019. / 18:55

Малите сипаници уриваат рекорди во Македонија

Малите сипаници уриваат рекорди во Македонија

Бројот на заболени од мали сипаници достигна до 104 изминатата недела. Од нив 74 случаи се од Скопје, а останатите 30 се од другите градови.

Единствена заштита од заболување или од тешки форми на прележување на грипот е вакцинацијата, изјави денеска д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Од околу 16.000 деца во школска и предшколска возраст во Скопје, нагласи, околу 11.100 се вакцинирани, а на територијата на државата, од околу 25.000 невакцинирани деца досега се вакцинирани околу 6.500.