Малиот број на нови позитивни случаи на Ковид 19 во последните 24 часа се должи на новиот алгоритам кој започна да се спроведува од минатата недела, велат за „Сител“ од Министерството за здравство.
Од таму велат дека ,според новодонесениот алгоритам, тестирањата против Ковид-19 се редуцирани за време на викендите.
Во последните 24 часа се направени само 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19.