Македонија 17. мај 2018. / 14:06

Макрон: ЕУ да не брза со проширувањето – приоритет се внатрешните реформи

Макрон: ЕУ да не брза со проширувањето – приоритет се внатрешните реформи

Франција го поддржува движењето на балканските земји во Европската унија, под услов сите да ги спроведат неопходните реформи. Ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето на состанокот на Европската унија и Западен Балкан во Софија.

– Го поддржувам балканското движење кон Европа и нивното пристапување како идни членки на ЕУ. Сепак, мислам дека треба да бидеме многу претпазливи и цврсти со процесот на проширување. Ние мора да им помогнеме на земјите што се реформираат и се движат кон Европа, тоа наш стратешки избор, рече Макрон.

Тој додаде дека сепак, пред да се завршат неопходните реформи, ЕУ не треба да брза со проширувањето.

Во моментов, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција се кандидати за членство во ЕУ. Ниту една од овие земји нема јасен тајминг за пристапувањето.