Комплексот „Македонско село“, инвестиција од 6,5 милиони евра со кој стопанисува некогашниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, преку неговите фирми „Тинекс“ и „Квинс“, од утре ќе биде затворен.
Одлуката на менаџментот на комплексот беше соопштена преку социјалните мрежи. Тодоровиќ е недостапен да ги објасни причините за затворањето, пишува „Макфакс“.
Тодоровиќ три години стопанисуваше со „Македонско село“. Владата во 2016 година, по распишаниот оглас за концесија, ги избра фирмите „Квинс“ и „Тинекс“ бидејќи дале највисока сума за кирија.