Македонија 02. мај 2020. / 21:33

Македонските судии ќе скенираат уплатници за да ја докажат својата солидарност

Македонските судии ќе скенираат уплатници за да ја докажат својата солидарност

Судиите кои ќе ја прифатат препораката на нивното Здружение за донации во солидарниот фонд за борбата против ковид-19, тоа ќе треба да го докажат преку уплатниците, јавува Телма.

Здружението на судии им препорача на своите претставници од платите за април и мај да одвојат намалку 20 отсто и така да ја покажат својата солидарност во време на пандемија.

Од понеделник ќе почне да се дели априлската плата за судиите, а оние кои ќе одлучат да донираат дел од платата треба да ги собираат и скенираат уплатниците со кои ќе се знае колку уплатиле.

Сите скенирани уплатници потоа ќе бидат испратени во седиштето во Скопје и таму ќе се пресмета колку е висока нивната солидарност.

Ова за Телма, го потврдил претставник на Управниот одбор на здружението.