Македонија 07. февруари 2021. / 21:15

Македонските патишта не се безбедни: Свлечишта се санираат кога е „убаво времето“

Македонските патишта не се безбедни: Свлечишта се санираат кога е „убаво времето“

Санирањето на одроните кај месноста Драките, на патот Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, ќе се реализира со првото подобрување на временските услови.

-Временските услови се уште влијаат свлечиштето на споменатиот патен правец и понатаму да биде активно, поради што практично е невозможно да се влијае на негова санација. Санацијата која е предвидена и со годишниот план за работа ќе се реализира во оној момент, кога условите тоа ќе го дозволат, истакнаа од ЈП за Државни патишта.
За санацијата, според предвидениот годишен план на Јавното претпријатие ќе бидат одвоени околу 1 милион денари.
-Дотогаш за безбедно одвивање на сообраќајот направена е обиколница околу свлечиштето, која се одржува до тампонирање, а со подобрување на временските услови, истата е предвидено да се асфалтира, додадоа од ЈП за Државни патишта.
Во меѓувреме, оттаму дополнија дека големите карпи засега нема да се отстрануваат, бидејки истите служат како дополнителна заштита од нови одрони.