Македонија 26. јуни 2019. / 15:26

Македонските конзервативци во Брисел: На 10 години од основањето на тинк-тенкот на Маргарет Тачер

Македонските конзервативци во Брисел: На 10 години од основањето на тинк-тенкот на Маргарет Тачер

Делегати на политичката организација Конзерватив МК беа поканети да учествуваат на 10 години од формирање на водечкиот европски тинк-тенк Нов правец (New Direction). Нов правец е основан од челичната лејди Маргарет Тачер, а моментално има свои седишта во Лондон, Брисел, Варшава и Рим. Овој тинк-тенк се води како официјален партнер на Алијансата на конзервативци и реформисти во Европа како и на нивната парламентарна група во Европскиот парламент ЕКР.

Вечерата ја отвори познатиот филозоф и пријател на Џордан Питерсон, Сир Роџер Скуртон, кој важи за еден од најголемите зелени конзервативци, односно енвиронменталисти.
Исто така, говори држеа и лидерот на ЕКР групата и претседателот на тинк-тенкот нов правец, Томас Пореба, кој е исто така член на полската партија „Права и правдина“.

Делегати од Конзерватив МК беа Стефан Василевски, Директор на Конзерватив МК, и Александар Богоевски, Претседател на Конзерватив МК.