И македонските граѓани ќе може да се пријавуваат за вакцина против ковид-19 преку специјален сајт изготвен за таа намена, потврдуваат за „Слободен печат“ високи извори од Министерството за здравство, непрецизирајќи детали.
Ваков систем досега изготви соседна Србија, каде граѓаните преку прашалник се пријавуваат за вакцинација.
Со вакцини од кинеската компанија Синофарм, доволни за 100 илјади граѓани да се заштитат од коронавирусот, ќе почне вакцинацијата во Македонија на крајот од февруари.
Засега се знае дека здравствените работници ќе ја примат вакцината први на пункт во Клиничкиот центар, а пунктови ќе има и во здравствените домови. Нема да има потреба да се обучува медицинскиот персонал како да ја администрира вакцината, поради тоа што има искусен кадар. Обука имало само за вакцината на „Фајзер“ и таа успешно завршила.