Македонија 18. март 2020. / 13:16

Македонските граѓани коишто ќе излезат од државата, три месеци нема да смеат да се вратат назад

Македонските граѓани коишто ќе излезат од државата, три месеци нема да смеат да се вратат назад

Секој граѓанин на Република Македонија којшто ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да може да се врати назад.

При објавувањето на ваквата владина одлука, техничкиот премеир апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

Државата има капацитети, имаме планови за оваа ситуација. Мора да има разбирање од сите граѓани и мора да се знае дека тоа што се дава како мерка, мора да се почитува. Ова не е состојба во која некој ќе може да избира – истакна Спасовски.