Компанијата „Henley & Partners“ го објави најновиот Индексот на најпосакувани пасоши со кој се оценува слободата на движење, македонската патна исправа се најде на 47 место. Македонските граѓани без виза може да патуваат во 124 земји, додека за 102 земји им е потребна виза за влез.
Пандемијата предизвика значаен пад на вредноста на пасошот на САД се дознава од индексот на најпосакувани пасоши на „Henley & Partners“ со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи. Американските граѓани веќе долго време уживаа во голема слобода при патувањата во странство, сепак во најновото рангирање покажува дека тие сега се на исто ниво со нациите во развој.
Неодамнешната забрана на ЕУ за посета на американски граѓани веќе значи дека јачината на американскиот пасош е веќе еднаква со онаа на пасошите во помалку развиените земји.
Забраната за патувања на државјани на САД во ЕУ поради неспособноста на Вашингтон да се справи со епидемијата стапи на сила на 1 јули. Иако пасошот на САД е рангиран на седма позиција, после земји како Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја или Германија, Американците сега имаат иста слобода на движење како Мексико и Уругвај (рангирани на 25. и 28. место соодветно).
Во ЕУ засега може да влегуваат државјани од само 15 земји. Бразил Русија се во истата категорија на земји како и САД за кои границите на ЕУ остануваат завторени. Границите на ЕУ засега остануваат затворени и за Македонија, и покрај тоа што патната исправа на нашата земја е рангирана на 47 место во индексот, со 124 земји каде може да се патува без виза.
На првите позиции според оваа ранг листа се Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја и Германија.
Од земјите во регионот, највисоко е позициониран грчкиот пасош и тоа на осмо место. Потоа следуваат: Словенија (12), Бугарија (18), Хрватска (19), Србија (40), Црна Гора (47), Босна и Херцеговина (52) и Албанија (54).
На дното на листата се најде Авганистан, чии државјани може да патуваат без визи само во 26 земји во светот. Потоа следуваат: Ирак, Сирија, Пакистан и Сомалија.