Македонија 04. ноември 2019. / 18:05

Македонски разузнавач направил скандал во Белгија: Се бркал со замислени руски шпиони

Македонски разузнавач направил скандал во Белгија: Се бркал со замислени руски шпиони

Претставникот на Агенцијата за разузнавање во рамки на Постојаната Мисија на Македонија во ЕУ со седиште во Брисел e повлечен после само една година од својот дипломатски мандат.

Повлекувањето, според дипломатски извори следува откако дел од земјите чии дипломатите имале контакти со претставникот на АР се пожалиле на неговиот агресивен пристап при средбите кои ги имале со него на билатерални или мултилатерални настани, пишува Инфомакс.

Иако директорот Ерол Муслиу силно застанал зад него при именувањето на овој претставник во Брисел и по првините негови реакции сеуште стоел во негова одбрана, сепак набргу потоа следувал уште еден скандал кој ја прелил чашата и за Муслиу.

Според пишувањето на Инфомакс, претставникот на Агенцијата за разузнавање завршил зад решетки, односно бил уапсен од белгиската полиција заедно со уште еден свој колега дојден од Скопје, поради панично и сомнително однесување по белгиските улици.

Што навистина се случичо?

Двајцата биле присутни на настан организиран од НАТО поврзан со руското влијание во Европа и на Балканот. Откако ја одржале својата презентација кај нив настапила параноја дека се следени од група агенти на руските служби. Во оваа малку трагикомична ситуација двајцата започнале да ги уништуваат службените документи и презентацијата во хотелот во кој престојувале, а кој се наоѓал во непосредна близина на седиштето на НАТО.

Откако дел од документите ги пуштиле во тоалетната школка во хотелската соба и ја заглавиле целата канализација на хотелот, со другите документи излегле на улица и започнале со нивно кинење и фрлање по кантите за отпадоци. Ова нивно однесување по улица во непосредна близина на седиштето на НАТО веднаш било забележано од видео камерите за јавен надзор на бриселската полиција по што по нив биле упатени полицајци во цивил.

Откако забележале дека биле следени, ама овојпат вистински од белгиски полицајци во цивил, нивната параноја уште толку се зголемила па влегле во познат синџир на продавници за спортска облека. Со своето однесување во тоалетот, повторно го заглавиле одводот поради фрлање документи во веце школката, веднаш го кренале вниманието на вработените во продавницата и обезбедувањето. Полицијата веќе била повикана и бидејќи биле во нивна непосредна близина поради претходното однесување веднаш биле задржани и упатени кон полициска станица. Тука почнале да се објаснуваат кои се всушност, за што се дојдени, каде се сместени и слично. Кога биле вратени во хотел да ја покажат поканата дека се на НАТО настан, белгиската полиција ги пуштила но за настанот официјално го известила НАТО и македонската амбасада во Брисел.

Прочитајтего целиот текст на Инфомакс.