Македонија 30. јули 2018. / 11:25

Македонски патарини: 1 евро и 40 денари и 60 денари (ФОТО)

Македонски патарини: 1 евро и 40 денари и 60 денари (ФОТО)

На двете патарини кон Куманово пишува дека за првата категорија возила цената е 40 денари или едно евро, за втората е 60 денари или пак 1 евро, за третата е 100 денари или две евра и за последната категорија на тешки возила патарината изнесува 150 денари или 3,00 евра.

Освен тоа што патарините примаат евра, она што веднаш паѓа во очи е евидентната разлика во цените за оние кои ќе платат со денари и оние патници кои ќе решат тоа да го направат во евра.

Каде одат и за што се користат останатите денари од повисоката цена која ја плаќаат оние што ќе платат со евра? Како може на македонските патарини да се плаќа со евро, ако се знае дека во земјата е дозволено плаќање единствено со денари?