Во текот на минатата година 5.628 македонски државјани добиле бугарски пасош. Тоа го покажуваат бројките на годишниот извештај. Таа бројка изнесува дури 63 % од вкупно 8.887 издадени бугарски државјанства.
Како што анализираат бугарските медиуми бројките покажуваат дека најголем број од новите државјанства се за луѓе што доаѓаат од држави каде што има голема бугарска дијаспора од потомци на бугарскки граѓани што живееле таму.
По Македонија следуваат интерес за бугарски пасоши покажале и жители на Украина (875); Србија (836), Молдавија (557), Албанија (489), Руската Федерација (217), Турција (100), Израел (61), Ерменија (20) и Виетнам (16).